Антони: Баерн Минхен ме сакаше, но дадов збор на Бетис

Пред и официјално да отиде во Бетис, бразилскиот интернационалец Антони откри дека имал понуда да замине во Баерн Минхен. Тој во интервју за „Глобо“ откри дека морал да ја одбие понудата од германскиот гигант, поради тоа што веќе дал збор на „зелено-белите“ од Севиља.

Бетис успеа да ги добие услугите на крилниот фудбалер за сума од 22 милиони евра, со тоа што ќе има и процент при негова следна продажба.

„Баерн се обиде да ме доведе во последните 24 часа од преодниот рок. Компани лично ми се јави, и ми рече дека е мој голем обожавател. Но, веќе дадов ветување на Бетис и не можев да го прекршам. Во Бетис сум среќен“, рече Антони.

Антони беше доведен во Манчестер Јунајтед од Ајакс за неверојатни 95 милиони евра, но не ги исполни очекувањата, па мораше да бара нова средина.

Се вчитува...