Антонио Илиески го напушти Фљамуртари

27-годишниот интернационалец Антонио Илиески е слободен агент, откако го напушти тимот на албански Фљамуртари. Тој во јануарскиот преоден рок ќе има нов клуб, откако спогодбено го раскина договорот со тимот од Албанија.

Стоперот беше дел од Фљамуртари само неколку месеци, односно од 1. јули 2023 година. Претходно една година мина во Кукеси, а беше дел и од Ренова, Тиквеш, Гостивар, Македонија ЃП, Еуромилк и Кораб.

Сезонава Илиески настапи на само пет натпревари во албанскиот шампионат. За него се интересираат неколку клубови од нашата Прва лига.

Се вчитува...