Искусниот италијански стратег би можел да седне на клупата на великанот Милан, пренесуваат медиумите од Апенините.
Актуелниот шеф на стручниот штаб на „росонерите“, Стефано Пиоли е под голем притисок поради слабите резултати на тимот сезонава, откако не успеа да презими во ЛШ, завршувајќи на третото место во групата на смртта во Лигата на шампионите, а ниту во домашниот шампионат не му оди најдобро и во моментов се наоѓа далеку зад водечкиот двоец Интер/Јувентус.
Конте е прв избор на раководството на „росонерите“ и ако навистина стане тренер на Милан ќе се врати на „Џузепе Меаца“ каде веќе работеше, но како тренер на големиот ривал Интер, во периодот од 2019 до 2021 година. Тој ја освои последната титула со Интер, а во својата трофејна витрина го има и пехарот од Калчолигата со тимот на Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА