Антовски со прекрасна асистенција со која Истра го „урна“ Осијек (ВИДЕО)

Капитенот на младинската репрезентација на Македонија, Филип Антовски има добар старт на сезоната во Хрватска. Тој замина во Истра како позајмен од Австрија Виена, а на вчерашниот меч против Осијек, имаше свој придонес во победата на својот тим.

Истра во судиското надополнување стигна до гол и до победа, а асистент на погодокот на Бакрар беше токму Антовски. Тој му „сервираше“ одлична топка, со што Алжирецот со лоб удар спроведе во мрежата на противникот.

Се вчитува...