АО: Ешли Барти без изгубен гем до второ коло, лесни победи на Циципас, Беретини, Фоњини

Првата тенисерка на светот, Ешли Барти без загубен гем го почна настапот на првиот грандслам турнир во сезоната, Австралија опен. Домашната тенисерка во првата рунда ја совлада Црногорката, Данка Ковиниќ со 2-0, по сетови (6-0 и 6-0) за само 45 минути игра.

Кај дамите пласман во следното коло обезбедија и Сем Стосур, Даниеле Колинс, Каролина Плишкова.

Гркот, Стефанос Циципас со максимални 3-0 (6-1, 6-2 и 6-1) го совлада Жил Симон во првото коло од машкиот дел на турнирот. Во втората рунда пласман обезбедија и десеттиот носител Матео Беретини кој беше подобар од Сем Квери од Сад, како и Фабио Фоњини кој го совлада Французинот, Ербер.

Се вчитува...