АО: Нишикори во драматичен меч го елиминираше Карловиќ, Раониќ подобар од Вавринка

Фантастичен меч на натпреварите од второто коло на Австралија опен одиграа Кеи Нишикори и Иво Карловиќ. По речиси четири часа игра славеше Јапонецот со 3-2 по сетови.

Јапонскиот тенисер победи во петтиот сет со 7-6 кој, според новите правила, го доби со 10-7 во „супер тај-брејк“.

Канадскиот тенисер Милош Раониќ се пласираше во третото коло откако славеше против трикратниот грандслем шампион Станислас Вавринка со 3-1 во сетови.

Инаку, освен Раониќ до сега понатаму се пласираа Карено-Буста, Чориќ кој беше подобар од Фучович, Фоњини откако го победи Мајер и Херберт кој го победи минатогодишниот полуфиналист Чунг.

Се вчитува...