АО: Рутински победи на Халеп и Квитова

Симона Халеп со рутинска победа над домашната тенисерка Лизет Кабрера со 2-0 по сетови 6-2 и 6-1 во првото коло на Австралија опен. Финалистката од 2018 година за само еден час обезбеди пласман во втората рунда каде ќе игра со натурализираната Австралијка, Алја Томлјановиќ.

Лесно до пласман во втората рунда стигна и чешката тенисерка, Петра Квитова која беше подобра од белгијката Минен со максимални 2-0 (6-3 и 6-4). Во машкиот дел пласман во второто коло обезбедија, Диего Шварцман, Феликс Оже Алијасим, Душан Лајовиќ, Григор Димитров и Ник Кирјос.

Се вчитува...