АО: Циципас е вистинска машина, Медведев се мачеше но обезбеди осминафинале

Еден од главните кандидати за освојување на Австралија опен, Стефанос Циципас за 90 минути успеа да слави против Микаел Имер и да се пласира во осминафиналето на грандслем турнирот.

Циципас експресно со 6-4,6-1,6-1 триумфираше, за разлика од Данил Медведев, кој исто така се пласираше во осминафиналето но далеку повеќе се мачеше.

Медведев се намачи против Филип Крајиновиќ. Мечот го доби со 3-2 во сетови, со 6-3, 6-3, 4-6, 3-6, 6-0.

Понатаму продолжуваат и Андреј Рубљев кој со 3-0 го победи Фелисијано Лопез, како и Мекензи Мекдоналд кој засега е прво изненадување на турнирот. Во женска конкуренција, испадна шестата носителка Каролина Плишкова. Чехинката загуби од сонародничката Каролина Мухова со 5-7, 5-7.

Се вчитува...