АП Брера ги казни „утките“ на Струга ТЛ, во Кавадарци немаше победник (ВИДЕО)

Се одиграа два натпревари од 30. коло во ПМФЛ. Во Кавадарци немаше победник, а во Струга ТЛ славеа гостите од Струмица, тимот на АП Брера.

Неверојатно е она што го промаши Струга ТЛ. Домашниот тим имаше најмалку седум прилики за гол, но не го најде патот до мрежата. Во првиот дел се закануваа Малески, Шабани, Зенделоски и Фал, но Диковски запиша три одбрани, а Зенделоски шутираше само крај голот.

Во вториот дел најсериозните шанси дојдоа во финишот. Најпрво Струга ТЛ остана со играч помалку по исклучувањето на Хамза. Но, домашните и натаму доминираа со шансите, а Илиевски во 84. минута не успеа да погоди од 5-6 метри со глава, топката отиде само над голот.

И потоа следуваше казната. Петровиќ во 88. минута убаво се „прошета“ низ одбраната на Струга ТЛ, и погоди во мрежата на стружани.

Во Кавадарци дуелот заврши 1:1. Тиквеш остана со играч помалку, а потоа поведе. Стојковски асистираше до Рамадани кој со глава го совлада Силјановски.

Но, радоста не траеше долго затоа што Арсими израмни после една одлична акција која ја реализираше Гони во 29. минута.

Се вчитува...