АП Брера реализираше рекорден трансфер за клубот со продажба на младиот Трајков на укранска Полисја

АП Брера реализираше рекорден трансфер во историјата на клубот со продажба на младиот Трајков на укранска Полисја. Струмичани не информираат за сумата која е добиена со продажбата на својот млад фудбалер во Украина, но нагласуваат дека се работи за досега рекордна сума за клубот.

Димитар Трајков е нов играч на ФК Полисја од Житомир, Украинa, откако успешно ги заврши медицинските прегледи во овој град и го потпиша преддоговорот со новиот клуб. Трајков во редовите на Полисја ќе премине за рекордно обештетување во историјата на некогашна Академија Пандев, денес Брера Струмица. Младиот напаѓач после направените прегледи во Украина и ставениот потпис на преддоговорот, се враќа во Струмица за да се поздрави со своите колеги и соиграчи и на 1. јули ќе се придружи на новата екипа во Украина на подготовките за новата сезона.

„Среќен сум што станувам нов играч на „Полисја“. Во овие три дена се уверив дека овој клуб е вистинскиот за продолжување на мојата кариера и дека овде сериозно ќе сметаат на мене во иднина. Но сепак, се зависи лично од мене. Јас сум подготовен да работам многу повеќе и да го дадам максимумот за новиот клуб. Благодарен сум на Горан Пандев и сите луѓе од ФК Брера Струмица за убавите поминати години во Струмица“ – вели Димитар Трајков.

Се вчитува...