Апел од Зенит: Кошарката и политиката не одат заедно

Нападот на Русија над Украина имаше последици и во спортот каде на руските клубови во Евролигата им беше забрането да ги одиграат своите натпревари од 27. коло, а дали ќе бидат исклучени од натпреварувањето ќе дознаат по состанокот на раководството на првенството.

По целата ситуација прв клуб кој се огласи е Зенит кој вели дека кошарката и политиката не одат заедно. Целта на спортот е да ги соедини народите, така и во редовите на „сино-белите“ каде има Шпанци, Грци, Литванци, Американци, Украинци, Молдавци, Полци, Белоруси и Руси.

„Кошарката треба да остане надвор од политиката. Тоа е важен аксином и мора да биде база на секој турнир и натпреварување. Без обѕир на сите разлики во политичките верувања, европските клубови мораат да останат соединети околку идејата и визијата за развој на кошарката надвор од државните граници, без обѕир на политичката ситуација. Го почитуваме ставот на кој од клубовите во Евролигата и подготвени сме да се бориме за нивниот глас да се слушне“, стои во дел од соопштението на рускиот клуб.

Вчера поради конфликтот помеѓу Русија и Украина од ВТБ лигата се откажа естонскиот Калев Кромо, а стапките се очекува да ги следат и останатите тимови.

Се вчитува...