Апел за помош: Да му помогнеме на Ѓорге Џонов во најважната животна битка

Поранешниот фудбалер на Силекс, Ѓорѓе Џонов е пред најголемиот предизвик во својот живот, во битка со болест за која е неопходно итно лекување во Турција.

За лекувањето на Џонов се неопходни 100.000 евра, средства кои во моментов ги нема на располагање, поради што голем број фудбалски работници се активираа во трката со времето за собирање на финансиските средства.

„На нашиот другар, пријател, фудбалски работник му претстои најважниот натпревар во животот, да ја победи болеста. За тоа, итно се потребни 100.000 евра за лекување и престој во Турција, сума која е недостижна за него. Затоа, да бидеме хумани, да помогнеме заедно во престојниот натпревар, кој значи живот“ – се вели во повикот преку социјалните медиуми.

Средства може да се донираат на следната банкарска сметка:

Ѓорге Џонов

Жиро сметка за донации: 200-0023348140-48

Стопанска Банка А.Д.

11 Октомври

1000 Скопје

ДЕВИЗНА СМЕТКА:

МК07200003801913052

SWIFT: STOBMK2X

Се вчитува...