Апелација го одби Работнички: Џонсон се врати во САД

Ксавиер Џонсон нема да го облече дресот на Работнички откако пропадна и последната можност за американскиот кошаркар да го облече дресот на актуелниот првак на Македонија. Комисијата за Апелација при МКФ ја отфрли жалбата на „црвено-белите“ за регистрација на Џонсон, потврдувајќи ја претходната одлука дека Работнички не ја поднел целокупната документација при потписот на договорот, на последниот ден од преодниот рок.

Џонсон остана во Македонија по првичната одлука и патуваше со Работнички и на завршниот турнир од Купот на Македонија во Гевгелија, но откако се изјасни и Апелација, Американецот се врати назад во татковината.

Ставени сме во крајно незавидна состојба. Најпрвин не ни беше дозволено да играме во „Градски парк“, па поради зафатеноста на „Борис Трајковски“ мораме сите средби да ги играме како гости. Згора на тоа, останавме и без Ксавиер Џонсон, кој ќе ни беше значаен адут во трката за највисок пласман. МКФ го става Работнички во заден план, нормално е тоа да се одрази и на атмосферата на тимот“ – загрижено изјави Марин Докузовски.

Се вчитува...