Апсења во Севилја пред финалето во Лигата на Европа

Пет навивачи на Ајнтрахт Франкфурт беа уапсени, откако околу 200 германски навивачи ги нападнаа навивачите на шкотскиот Ренџерс пред финалето на Лигата на Европа во Севилја.

Тоа беше првиот поголем инцидент пред натпреварот, соопштија од шпанската полиција.

„Инцидентот се случи околу полноќ пред катедралата во Севилја, а припадниците на интервентната полиција мораа брзо да реагираат за да ги спречат навивачите на Ајнтрахт кои ги нападнаа приврзаниците на Глазгов Ренџерс“, се вели во соопштението на полицијата.

По интервенцијата, германски навивачи ја нападнале полицијата, фрлајќи кон нив со стаклени шишиња, пиротехнички средства и маси. Во Севилјаа има околу 150 илјади навивачи на двата клуба, а полицијата е пред сериозен предизвик. Како резултат на тоа, беа распоредени 3.100 национални полицајци и речиси 2.000 членови на локалната полиција и Цивилната заштита.

Се вчитува...