Апсолутно никој не можеше да ги запре навивачите на Ливерпул да слават пред „Енфилд“ (ВИДЕО)

Ливерпул цели 30 години чекаше на титулата во Премиер-лигата, и кога дочека никој не можеше да ги сопре неговите навивачи да слават пред „Енфилд“. Па, ниту Ковид-19.

Иако англиската полиција ги предупреди навивачите дека се забранети собири како не би дошло до нова „експлозија“ заразени од коронавирусот, навивачите се одлучија да се соберат пред „Енфилд“. Никој не можеше да ги запре во тоа.А, се собраа фанови буквално од сите возрасти.

 

Полицијата во овој случај беше немоќна. Иако најави и казни и апсења за секого, никој не се грижеше околу тоа…

 

Се вчитува...