Апсолутно заслужено: Бојан Миовски, фудбалер на сезоната на Абердин

Бојан Миовски игра сезона за паметење во дресот на Абердин, македонскиот репрезентативец веќе има 24 погодоци во сите натпреварувања, па сосема очекувано токму нашиот голгетер го доби признанието за најдобар фудбалер на Абердин за сезоната 2023/24.

Откако лани му помогна на тимот да стигне до место во европските купови, Миовски оваа сезона блеска во сите натпреварувања во кои Абердин учествува. Тимот игра под своите можности во шкотската Премиер-лига, веќе смени и неколку тренери, а само одличната форма на Миовски е причината поради која Абердин не се наоѓа во опасната зона која значи и испаѓање од елитниот ранг на натпреварување.

Миовски ќе биде главен адут на овој тим до крајот на сезонава, но огромни се шансите ова да се негови последни средби во дресот на шкотскиот клуб ако се знае дека интерес за Македонецот покажаа гигантите Селтик и Глазгов ренџерс, а неодамна во трката се вклучи и холандскиот првак Феенорд.

Се вчитува...