Апсурдите на технологијата во фудбалот: Поништен чист гол, никој не знае зошто (ВИДЕО)

Еден од најбизарните моменти на вчерашниот натпревар од плејофот во УЕФА Конференциската лига сигурно се случи на натпреварот меѓу Фиорентина и Брага.

Во 50. минута невидена епизода откако Кабрал успеа да ја смести топката со целиот обем зад гол-линијата. Но, потоа настана тотална конфузија. Голманот на Брага реагираше со задоцнување, топката ја мина гол-линијата, но голот не беше признат поради апсурдна причина.

Телевизискиот пренос добро покажа компјутерски генерирана топка зад гол-линијата, но францускиот судија Бастиен го понушти голот откако го консултираше ВАР-системот, иако гол-технологијата претходно сугерираше дека топката е ја мина целата линија.

„Апсурдите на технологијата и овие УЕФА правила. Гол-технологијата јасно покажува дека топката ја мина линијата и тука приказната треба да е завршена, но ВАР го поништи голот. Украден е чист гол за Фиорентина“ – се ставовите на фудбалските експерти.

Никому апсолутно не му е јасно како може да биде поништен гол кој е потврден од гол-технологијата. На крај фудбалерите и на двата тима ја исмејуваа одлуката на главниот судија.

Се вчитува...