Арапите се премислија, Алиоски потпишува за Ал Ахли

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгијан Алиоски сепак ќе потпише за Ал Ахли, клубот од првенството на Саудиска Арабија.

Навивачите на овој клуб веќе му посакуваат добредојде на популарниот Џани, кој во емотивна порака се прости од Лидс Јунајтед.

Првично се сметаше дека деталите се договорени, но протече информација дека нашиот репрезентативец барал премногу пари и поради тоа од клубот се решиле да ги прекинат договорите. Сепак, очигледно Арапите се предомислиле па не сакаат да штедат кога е во прашање нашиот Алиоски.

 

Се вчитува...