Реал Мадрид е четири бода зад лидерот во Ла Лига, Барселона, а трката со најголемиот ривал и тоа како наредниот период ќе биде тешка, затоа што Алваро Арбелоа не може да смета на половина тим пред натпреварот од 27. коло.
Списокот на отсутни играчи станува се подолг, сега на него е и името на Давид Алаба, па „Марка“ пресмета дека на денешниот тренинг на Реал немало дури девет играчи од првиот тим.
Затоа Арбелоа додаде осум момци од академијата во тимот, бидејќи во спротивно Реал не би можел да направи соодветен тренинг пред денешниот меч со Селта (21 часот).
Арбелоа не може да смета на Едер Милитао, Џуд Белингам, Дани Себаљос, Килијан Мбапе, Родриго и Алаба поради повреди, додека Франко Мастантуоно, Дин Хаусен и Алваро Карерас се суспендирани.
„Кога ситуацијата е таква каква што е, тогаш мојата работа е полесно да ги составам почетните 11. Ние сме Реал и нема изговори, ниту пак бараме изговори“, рече Арбелоа.
И Раул Асенсио е под знак прашалник за денешниот натпревар, а Едуардо Камавинга се опорави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

