Дефанзивецот Арбен Тафа си замина од редовите на Беласица по само две кола во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига.
Тафа ова лето од редовите на Струга Трим Лум се пресели меѓу струмичани, но поради лични причини се одлучи за прекин на соработката.
„Од лични причини ја прекинувам соработката со Беласица, благодарам за укажаната можност да бидам дел од клубот изминатиов краток период“ – ни изјави Тафа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА