Аргентина го наградува селекторот со нов договор

После големиот триумф на Мундијалот во Катар, аргентинскиот селектор Лионел Скалони се договорил со сојузот за поспит на нов договор. Сегашниот предводник на „гаучосите“ ќе остане селектор до СП 2026 година.

Скалони уште пред Мундијалот имал начелен договор со федерацијата за продолжување на соработката, но се надеваше дека условите ќе бидат малку подобри. И конечно, се е договорено, па така Скалони ќе продолжи онаму каде што застана.

Лионел Меси ќе продолжи да соработува со новиот селектор, затоа што најдобриот фудбалер најави дека и натаму сака да го носи дресот на Аргентина.

Скалони на чело на Аргентина дојде после СП во Русија. Најпрво беше назначен за в.д. а потоа после смената на Сампаоли стана и селектор.

Се вчитува...