Аргентина може да остане без осминафинале – поради жолтите картони!

Аргентинците денеска го славеа триумфот на Нигерија над Исланд, со што им се вратија шансите на „гаучосите“ за освојување на второто место во групата. Сепак, задачата нема да биде нималку лесна ако се знае дека дури и со победа над Нигерија нема да бидат сигурни осминафиналисти, а може да се случи да бидат елиминирани – поради бројот на жолти картони добиени во групната фаза.

Имено, доколку Аргентина слави над Нигерија со 2-0, а Исланд ја добие Хрватска со 2-1 двете репрезентации би имале идентичен број на бодови, со нерешен меѓусебен дуел и идентична гол-разлика. Според правилата на ФИФА, во ваква ситуации пресудува табелата за фер-плеј, која во случајов не им е наклонета на Аргентинците.

Имено, „гаучосите“ во првите две кола имаат три жолти картони (Меркадо, Отаменди и Акуња), а Исланѓаните ниту еден, што може да биде клучен фактор во третото коло. Секако, најпрвин ќе треба и Исланд и Аргентина да слават во своите натпревари, што не е нималку лесно ако се земе во предвид како играат овие две селекции во досегашниот дел од мундијалот.

Се вчитува...