Аргентинската репрезентација рутински славеше на првиот од двата контролни меча што ќе ги одигра во САД, откако „гаучосите“ триумфираа со 3-0 над Ел Салвадор на дуелот што беше одигран во Филаделфија.
Лео Меси поради повреда не настапи на овој натпревар, но светските шампиони одиграа одличен и без својот најдобар фудбалер, не дозволувајќи победата да биде доведена во прашање.
Ромеро беше стрелец на првиот погодок во 16. минута по корнерот на Ди Марија, а пред крајот на првото полувреме на 2-0 зголеми Енцо Фернандез. Конечните 3-0 во второто полувреме ги постави Ло Селсо на асистенција на Лаутаро Мартинез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА