Аргентина во тотален хаос: Сампаоли е само фигура, Меси го составува тимот за Нигерија!

Аргентина во тотален хаос го очекува последниот натпревар од групната фаза на СП против Нигерија. Селекторот Сампаоли е само фигура во селекцијата. Останува селектор до крајот на Мундијалот 2018 но е тотално изолиран и од репрезентативците и од сојузот.

На состанокот во кампот на аргентинската репрезентација донесена е одлука Сампаоли да остане во Русија, но првиот тим за дуелот со Нигерија ќе го составуваат фудбалерите на чело со Лионел Меси. Дури и на тренинзите на Аргентина, иако е присутен Сампаоли нема некои посебни права.

Аргентина се соочува со Нигерија во вторник од 20 часот. Првиот тим кој ќе настапи дефинитивно ќе го составот Меси и соиграчите…

„Факт е дека фудбалерите ќе го прават тимот. Ако Сампаоли сака да биде на клупата дозволено му е. Но и не мора. Според информациите од кампот, Сампаоли ако не сака не мора да седи на клупата на мечот со Нигерија“ – пишуваат аргентинските медиуми, согласно информации добиени од главниот менаџер на сојузот, Хорхе Буручага.

Се вчитува...