Емилијано Мартинез заминува од Астон Вила на крајот на сезоната и покрај тоа што неговиот договор е со важност до 2029 година. По последниот натпревар на домашен терен во Премиерлигата аргентинскиот голман не ги скри емоциите па и не успеа да не се расплачи.
Мартинез беше дел од Астон Вила од 2020 година каде пристигна од Арсенал, а која ќе биде неговата следна дестинација останува отворено прашање. За негов потпис постои сериозен интерес од Саудиска Арабија, но постои и можност да остане во Англија.
Манчестер Јунајтед е во потрага по замената за Андре Онана, а изборот паднал на светскиот шампион со Аргентина, откриваат англиските медиуми.
Постои можност во трансферот да биде вклучен и Маркус Рашфорд, англикиот репрезентативец кој зимата премина на „Вила Парк“ како позајмен играч. Астон Вила не е подготвена да ја активира опцијата за постојан трансфер од 40 милиони евра, но е подготвена драстично да се „олесни“ цената со вклучување на Мартинез во трансферот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА