Аргентинец од Ривер Плата на проба во Вардар

Македонскиот првак Вардар ги продолжува подготовките за пролетниот дел од првенството, а раководството на клубот се обидува да доведе уште некое странско засилување.  Аргентинскиот интернационалец Лукас Нахуел Охеда пристигна на проба кај „црвено-црните“ и е дел од тренинзите кои се одработуваат во тренинг кампот во населбата Хиподром. Станува збор за офанзивен играч за врска, кој бил дел од Ривер Плата во минатото, а последен клуб во кој настапувал е Депортиво Еспањол од Буенос Аирес.

Аргентинецот ќе замине и на подготовки со Вардар во Анталија, и ќе биде тестиран на неколку од закажаните пријателски натпревари на подготовките во Турција. По ова, стручниот штаб на чело со тренерот Чедомир Јаневски ќе има појасна слика за неговите квалитети и ќе се изјасни дали ќе остане во редовите на македонскиот шампион.

 

Се вчитува...