Во Барселона може да здивнат, Рафиња не е повреден

Во таборот на Барселона конечно може да здивнат кога станува збор за здравствената состојба на Бразилецот Рафиња.

Денешните детални лекарски прегледи покажаа дека Рафиња не е сериозно повреден туку има оток на задниот дел од десниот бутен мускул. Идентична беше дијагнозата која ја постави и бразилскиот медицински тим и кој му дозволи на Рафиња да се врати во Барселона.

Рафиња беше принудно заменет на полувремето од пријателскиот натпревар помеѓу Австралија и Бразил во кој „кариоките“ славеа со 4:2.

Во Барселона беа загрижени за здравствената состојба бидејќи последниот пат кога играше за бразилската репрезентација, на „Камп ноу“ се врати со повреда поради која отсуствуваше неколку недели.

Според шпанските медиуми, Рафиња ќе му биде на располагање на тренерот Ханси Флик за наредниот натпревар на Барселона против Хетафе во Ла Лига и кој треба да се игра на десетти октомври.

Се вчитува...