БиХ и Шведска вечерва од 20:45 часот играат во Лигата на нациите во Зеница. Интересна ситуација се случи во авионот со кој шведските навивачи патуваа за БиХ, а во кој се најде и еден сам Босанец.
Швеѓаните беа расположени за време на патувањето, пеејќи заедно. Песната одекнуваше низ авионот, а целата сцена изгледаше како вистинско навивачко загревање пред вечервашниот натпревар.
Веројатно никој од нив не очекуваше дека наскоро ќе им се придружи некој со сосема поинаков репертоар.
Еден Босанец реши да покаже дека и тој има што да понуди, па во еден момент почна гласно да пее.
Но, тој не избра било каква песна. Беа отпеани добро познатите стихови од песната „Лилјани“ која е заштитна химна на босанските навивачи. И успеа сам да го замолкне Швеѓаните.
Целата ситуација доби карактер на мал музички дуел, иако на крајот само едната страна продолжи да пее.
Особено е интересно што еден Босанец успеа да ја „преземе“ атмосферата во авион полн со шведски навивачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
