Един Џеко го одигра последниот натпревар за репрезентацијата на Босна и Херцеговина во ремито од 1-1 против Шведска во третото коло од Лигата на нации.
За Џеко, тоа беше 152-от настап во неговиот омилен дрес, напуштајќи ја играта во 60-тата минута со приреден шпалир од играчите на двата тима и овации од сите на стадионот во Зеница.
Ноќ што Босанците и Херцеговците никогаш нема да ја заборават. На крајот од натпреварот, на Џеко му беше заблагодарено за сè на спектакуларен начин со помош на дрон.
На небото над стадионот беше вистинско шоу со дронови со ликот на Един Џеко. Покрај тоа, бројот на настапи и броевите на постигнати голови во дресот на репрезентацијата на БиХ (153 – 73) беа напишани од дронови.
Edin Dzeko, milli takıma böyle veda etti.
Gerçekten büyük karakter, büyük futbolcu. pic.twitter.com/UTKUvdkQKF
— Saraçoğlu Sports (@SaracogluSports) October 2, 2026
А, на теренот, Шведска пристигна во Зеница ослабена, бидејќи голем број играчи имаа здравствени проблеми по натпреварот против Полска, но гостите добро го започнаа натпреварот.
Виктор Џокереш донесе водство на стартот од второто полувреме по додавањето на Бернхардсон, а потоа ја испрати топката под пречката со моќен удар за 1-0.
После тоа, гостите се обидоа да го искористат моментот и да постигнат уште еден гол. Зенели имаше шанса, но Хамзиќ го одбрани неговиот удар. Казната падна во 80-тата минута.
Керим Алајбеговиќ центрираше од корнер, таа помина покрај сите играчи во шеснаесетникот и заврши зад Виктор Јохансон за 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
