Аргентинецот објави убава вест: Лео Меси и сопругата Антонела чекаат трето дете

Аргентинскиот интернационалец Лионел Меси и неговата сопруга Антонела го очекуваат своето трето дете. Оваа убава вест ја објавија со заедничка фотографија на која се наоѓаат и нивните два сина, Матео и Тијаго.

Меси се наоѓа во одлична форма, на фудбалски план му оди одлично, откако успеа да ја одведе Аргентина на СП, а и со Барселона е лидер во шпанскиот шампионат. Ова е потврда дека речиси се му е совршено и надвор од теренот.

Се вчитува...