Аргентинецот заминува од ПСЖ, следна дестинација Италија?

Анхел Ди Марија ова лето ќе го напушти ПСЖ. Договорот на 34-годишникот и францускиот клуб завршува на крајот на сезоната и нема да се водат преговори за продолжување на соработката, а веќе е познат и неговиот нов клуб, пренесуваат француските медиуми.

Станува збор за Јувентус кој е подобро познат по ангажирање фудбалери чии договори истекуваат, а во Торино на искусниот напаѓач гледаат како адекватна замена за Пауло Дибала кој бесплатно ќе си замине од клубот на крајот на сезоната.

Аргентинецот е во ПСЖ од 2015 година каде пристигна од редовите на Манечстер Јунајтед, а во својата богата кариера ги бранеше и боите на Росарио, Бенфика и Реал Мадрид.

Се вчитува...