Аргентинските фудбалски ѕвезди молат да продолжи потрагата по Сала

Лео Меси, Гонзало Игуаин, Серхио Агуеро, Николас Отаменди ја предводат кампањата на социјалните мрежи преку која се бара продолжување на потрагата по изчезнатиот авион во кој се наоѓаше Емилијано Сала. По три дена, потрагата беше запрена откако надлежните соопштија дека не постои надеж фудбалерот и пилотот да бидат пронајдени живи.

Играчите веќе го користат хаштагот #NoDejenDeBuscar – не престанувајте да барате. И поранешниот клуб на Сала, Нант излезе со барање потрагата да прдолжи. Сестрата на аргентинскиот фудбалер на прес конференција во Кардиф исто така молеше надлежните да не се откажуваат од можноста двајцата патници во авионот да бидат пронјдени живи.

Спасувачите покрија повеќе од 2000 километри барајќи го авионот кој се урна на летотот од Нант за Велс со кој Сала треба да му се приклучи на новиот клуб, Кардиф кој исто така соопшти дека со „голема тежина била примена веста за запирањето на потрагата“.

Со оглед на ситуацијата, Премиер-лигата најави дека на дуелите од претстојното коло ќе има минута молчење во чест за Сала.

 

Се вчитува...