Леандро Паредес доби суспензија од десет натпревари бидејќи беше главниот учесник во инцидентите по финалето на Светското првенство, во кое Аргентина загуби од Шпанија. Аргентинецот го нападна и го собори шпанскиот репрезентативец Гави, а уште потешки последици од неговиот испад спречија луѓето од шпанската клупа.
Покрај него, Науел Молина доби забрана за настап на седум натпревари за репрезентацијата, а Тијаго Алмада доби суспензија од еден натпревар. Ова го одлучи Дисциплинската комисија на ФИФА.
Исто така, Аргентина следните два репрезентативни натпревари ќе ги игра на домашен терен пред празни трибини. Дополнително, тие ќе мора да платат 320.000 евра во касата на светската фудбалска федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
