Aргентинците продолжуваат да провоцираат: На дресовите ќе стои натпис „Фолкландските острови“ се наши!

Алмиранте Браун, член на втората лига на Аргентина, излезе на натпреварот против Расинг Кордоба во дресови на кои пишуваше „Малвините се дел од Аргентина“.

Тоа е продолжение на приказната од Светското првенство во САД, Канада и Мексико, кога по победата над Англија во полуфиналето, аргентинската репрезентација носеше транспарент со ист наслов. Затоа ФИФА ја истражува оваа политичка порака.

Аргентина и Англија војуваа во 1982 година за Фолкландските Острови или Малвини како што ги нарекуваат Аргентинците. Островот сега е под британски суверенитет, иако се наоѓа на околу 13.000 километри од Велика Британија. Оддалечен е околу 500 километри од Аргентина.

Играчите на Алмиранте Браун имаа порака на предната страна од своите дресови, а на задната страна слика од Меси како слави гол со кренати раце кон небото.

„Засекогаш Аргентина. Горди сме што носиме дресови посветени на Малвините. Ќе ги имаме за прв пат на натпреварот против Расинг Кордоба“, пишува на Инстаграм страницата на Алмиранте Браун.

Се вчитува...