Аријан Адеми пред трансфер во Ла Лига: Хуеска нуди 3 милиони евра

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е пред трансфер во Ла Лига. Тој би можел да му се придружи на Енис Барди во најквалитетното шпанско фудбалско друштво откако е цел на прволигашот Хуеска. Раководството на овој клуб бара квалитетен играч за врска во последните денови од преодниот рок, а изборот паднал на Адеми.

Шпанците се подготвени на Динамо Загреб да му исплатат 3 милиони евра отштета, а Адеми би добил тригодишен договор. Ова не е понуда од соништата, но Адеми досега пропушти многу можности за да ја продолжи кариерата во некоја од силните европски лиги. Можеби оваа ќе сака да ја прифати иако со Динамо Загреб избори европска пролет со пласманот во групната фаза од Лига Европа. Адеми беше стрелец на два гола на реваншот против Флора.

Се вчитува...