Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми заработи повреда на денешниот натпревар на неговиот Динамо Загреб против Славен Белупо во 16. коло од Хрватската суперлига.
Адеми го напушти теренот во 19. минута од играта, а на негово место во игра влезе Бранко Павиќ. Подетални информации за тежината на повредата се уште нема, а се ќе биде јасно по деталните прегледи.
Стефан Ристовски не е дел од својот тим на овој меч поради жолти картони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА