Арјен Робен сака повторно да игра фудбал

Поранешната ѕвезда на Баерн Минхен, Реал Мадрид, Челси  и на холандската репрезентацја, Арјен Робен објави дека размислува да ја прекине пензијата. Тој ја заврши играчката кариера минатото лето, но по помалку од една година вели дека фудбалот многу му недостига.

„На почетокот фудбалот воопшто не ми недостигаше, но потоа почнав да размислувам за тоа дека би сакал повторно да играм по малку. Од време на време имам такво чувство дека би можел да играм. Кризава со вирусов е многу чудна, но кога ќе заврши се видиме. Но, веројатно и секогаш ќе го имам тоа чувство. Јас сум спортист“ – изјави Робен.

Робен кариерата ја почна во Гронинген потоа беше во ПСВ, па во Челси, следуваше Реал Мадрид и потоа десетте славни години во Баерн Минхен. Во нив имаше 309 настапи за клубот, постигна 144 гола. Освои титула во Лигата на шампионите, осум трофеи во Бундес лигата и пет пехари во германскиот куп. За Холандија играше од 2003 до 2017 година.

 

 

 

 

Се вчитува...