Гостивар ги потврди големите амбиции и за новата сезона откако успеа да го задржи Американецот Малком Армстед, играчот кој требаше да биде големо засилување за Супер-лигата и за плејофот, но поради коронавирусот не доби премногу шанси за докажување во дресот на овој македонски прволигаш.
Гостиварци денеска официјално се разделија од Доналдсон, кој кариерата ја продолжува во Унгарија, но завршија одлична работа со ангажманот на Армстед. Станува збор за играч кој пред неколку сезони беше најдобар стрелец во АБА-лигата како член на Крка, но во последните години промени огромен број на клубови.
Останувањето на овој квалитетен кошаркар е јасен знак дека Гостивар со сериозни амбиции ќе влезе и во новиот шампионат, во кој и покрај најавите за АБА2-лига, „сино-белите“ сепак ќе се сконцентрираат само на македонската кошаркарска сцена. Овој клуб покажа интерес и за учество во новото натпреварување со екипи од Бугарија и од Грција, но тешко е да се поверува дека оваа лига ќе може да се стартува на почетокот од новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА