Арнар Видарсон: Да останеше 1:1 уште некоја минута, можеби ќе беше поинаку

Селекторот на Исланд, Арнар Видарсон, после мечот честиташе на баражот на Македонија, и кажа дека не е среќен од резултатот.

„Честитки за второто место. Моите емоции секогаш се исти, кога ќе загубам натпревар не сум среќен. И тоа нема да се смени. Првото полувреме беше тешко за нас. Македонија имаше 2-3 шанси, и беше тешко да се задржи топката. Второто полувреме беше многу подобро, и израмнивме. Да останевме на 1:1 подолго, можеби ќе беше подруго. Тоа е фудбал, секогаш е тешко да се игра со црвен картон и при водство на противникот од 2:1“, изјави Видарсон.

Тој направи анализа на групата и на натпреварите на неговата селекција и ја пофали Македонија.

„Не сум задоволен од пласманот на крајот од квалификациите. Очекувавме да бидеме втори. Македонија е подобра и го заслужи ова второ место. Сметам дека имате компактен тим. Играчите на Македонија беа заедно на Европско првенство, и тоа се гледа. Се надевам дека и ние ќе успееме да создадеме тим кој ќе направи успеси во следните квалификации“, рече Видарсон.

Се вчитува...