Најдобриот фудбалер на Австрија, Марко Арнаутовиќ вели дека не очекувале вака убедлива победа против Македонија, но на крајот сосема заслужена од 4-1. Според Арнаутовиќ, согласно играта на терен, триумфот можел да биде и далеку поубедлив.
„Ако се гледаат шансите кои ги имавме, а беа 100%, тогаш требаше реално да славиме со 8-1. Но, не бевме баш и реализаторски расположени, посебно во првото полувреме кога промашивме многу одлични шанси. Токму поради тоа имаше нервоза во соблекувалната на полувремето, па одлично одигравме и во вториот дел за заслужена победа“ – вели Арнаутовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА