Фудбалската репрезентација на Австрија ја совлада Словенија со 1-0 и со дополнителни мотиви за успех и против нашиот национален тим допатува во Скопје. Го нагласува тоа и одличниот напаѓач Марко Арнаутовиќ, кој утре ќе ја носи капитенската лента во австрискиот тим по отсуството на Давид Алаба.
„Освоивме важни три бода против Словенија и сакаме да дополниме со нови од утрешниот натпревар против Македонија. Максимално сме мотивирани и подготвени за настап. Македонците се квалитетна селекција, играат добро во континуитет веќе подолг период, а ние ќе треба да бидеме и во подобро издание доколку сакаме да стигнеме до успех“, изјави Марко Арнаутовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА