Арнаутовиќ одлучи да остане во Вест Хем

Австрискиот интернационалец Марко Арнаутовиќ одлучи да остане во Вест Хем. Тој долго време изразуваше незадоволство затоа што премиерлигашот не сака да му дозволи да направи трансфер во Кина, од каде доби фантастична понуда, но на крајот реши дека сепак ќе го почитува максимално договорот со „чеканите“.

„Знаете дека имам одлична понуда од Кина, но одлучив да ставам крај на сите шпекулации. Останувам во Вест Хем, во Лондон се чувствувам одлично и фокусиран на фудбалот“, изјави Арнаутовиќ.

Австриецот доби понуда вредна 35 милиони фунти да го напушти Вест Хем и да се пресели во Кина.

Се вчитува...