Арне Слот најде нов ангажман

Неколку недели му требаа на Арне Слот да најде нова работа, откако доби отказ од Ливерул после разочарувачката сезона во Премиерлигата. Холанѓанецот не „преживеа“ на клупата на „црвените“ од Енфилд, и на негово место беше донесен Андони Ираола.

Затоа Слот нема да чека многу за нова работа. Тој ќе ја преземе репрезентацијата на Холандија, откако селекторското место на оваа репрезентација остана празно по оставката на Роналд Куман.

Слот ќе има најпрво задача да ги среди редовите на Холандија, а потоа да се пласира со оваа репрезентација на ЕВРО 2028. Холанѓанецот наскоро би требало и официјално да биде промовиран за нов селектор, и со тоа нема многу да чека за нов ангажман.

Се вчитува...