Арне Слот наоѓа инспирација во Новак Ѓоковиќ

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, откри дека е голем обожавател на Новак Ѓоковиќ и дека со него ги мотивира своите играчи.

Гледајќи ги потезите и говорите на Новак, тренерот на Ливерпул „впивал“ важни лекции.

„Разговаравме со Мо Салах за тоа што треба да се прави за да се биде на врвно ниво на секои неколку дена и толку долго. Ѓоковиќ е вистински пример. Некои од неговите моменти претходно ги искористив за состаноци во поранешни клубови, без разлика дали се работи за негови говори, видео клипови или клипови од неговите тениски натпревари“, рече Слот.

Се вчитува...