Арон Роџерс потврди дека ќе ја игра последната сезона во НФЛ

Тренерот на Питсбург Стилерс, Мајк Мекарти, пред неколку дена објави дека Арон Роџерс ќе игра следната сезона. Тоа го потврди и Роџерс, кој објави дека тоа ќе биде последната сезона во неговата кариера.

Сезоната 2026 ќе биде последна во кариерата на четирикратниот МВП.

„Да, тоа е тоа“, им рече Арон Роџерс на новинарите во Питсбург кога го прашаа дали претстојната сезона ќе биде неговата последна.

Минатиот викенд, Роџерс постигна договор со Питсбург вреден околу 25 милиони долари. Ова ќе биде неговата 22.сезона во НФЛ!

Се вчитува...