Арсенал и Баерн Минхен по Форсберг, но Лајпциг не го дава

Арсенал и Баерн Минхен ќе се надмудруваат за потписот на шведскиот ас, Емил Форсберг. Германскиот првак е подготвен да издвои 35 милиони евра, толку ќе даде и Арсенал, но, сепак, последниот збор го има Лајпциг. 25-годишното крило на вицешампионот сезонава блесна на фудбласката сцена во Бундес-лигата, заврши како најдобар креатор во лигата со 19 асистенции, на тоа додаде и 10 гола, беше носител на тимот во походот за пласман во Лигата на шампиони за следната сезона.

Со оглед на тоа дека Арсенал не се избори за најелитното европско натпреварување, Форсберг нема многу да се двоуми, Баерн нуди настап во Европа,  додека истото го има и во Лајпциг, па нема да биде изненадување доколку остане во клубот за кој досега настапи на 72 натпревари.

За Форсберг се интересираше и Ливерпул, но репрезентативецот на Шведска ја отфрли можноста за преселба на „Енфилд роуд“. Потпишувањето на новиот договор во февруари требаше да биде знак за гигантите дека Форсберг не е на продажба, но клубовите како Баерн Минхен сметаат дека секој фудбалер има своја цена, така што приказната нема да заврши тука, па се очекува нова, повисока понуда во иднина.

Се вчитува...