Фаворитите без многу мака обезбедија место во четвртфиналето од англискиот лига-куп откако Тотенхем, Челси и Арсенал забележаа рутински победи на вечерашните натпревари.
Тотенхем имаше најтешка задача бидејќи му гостуваше на Вест хем, но „спарси“ го совладаа градскиот ривал со 1-3. Сон постигна два гола, еднаш стрелец беше Љоренте, додека единствениот погодок за Вест хем беше дело на Перез.
Френк Лампард се врати на „Стемфорд бриџ“ како тренер на Дерби и одлично му се спротивстави на Челси, но тимот на Маурицио Сари сепак победи со 3-2, благодарение на погодокот што кон крајот на првото полувреме го постигна Фабрегас.
Арсенал славеше со 2-1 над Блекпул, меч на кој Емери ги одмори клучните играчи за дербито со Ливерпул, но сепак славеше со головите на Лихтштајнер и на младиот Смит – Роу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА