Арсенал доведува дефанзивец вреден 50 милиони фунти

Англискиот репрезентативец Бен Вајт кариерата ќе ја продолжи во Арсенал, пренесуваат медиумите во Британија.

Раководството на „топчиите“ се договорил за деталите за трансферот вреден 50 милиони фунти со Брајтон, а талентираниот дефанзивец лекарските прегледи би требал да ги изврши по 26. јули.

24-годишникот во Брајтон е дел од 2016 година, но до минатата сезона најчесто беше испраќан на позајмици.

Се вчитува...