Арсенал ги почна преговорите со Јувентус за Рабио

Во таборот на Арсенал со нетрпение се очекува јануарскиот преоден рок како клубот конечно би добил вистински засилување за продолжението од сезоната. Јасно е дека на „топчиите“ им се неопходни неколку засилувања затоа што екипата моментално не пружа најдобри резултати. А фокусот, без сомнение, ќе биде на одбраната, но и на средниот ред.

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал веќе контактирал со Јувентус за ангажман на Адриен Рабио. Французинот стигна во Јувентус како слободен фудбалер, но не се наметна кај Маурицио Сари, па поголемиот дел од натпреварите ги следи од клупата.

Во Арсенал веруваат дека Рабио би бил огромно засилување, па се надеваат на брз договор за негов ангажман.

Се вчитува...