Арсенал го ангажираше Јенс Леман за тренер на голманите

Легендата на Арсенал и германската репрезентација, Јенс Леман се враќа во англискиот клуб и ќе биде дел од струшниот кадар на Венгер. Поранешниот голман ќе биде тренер на првиот тим, искусниот Петр Чех ќе има од кого да „учи“.

Германецот во два наврати го носеше дресот на Арсенал. Во 2003 пристигна од Борусија Дортмунд, забележа 200 настапи за клубот од Лондон, а беше дел и од „непобедливиот“ тим кој ја освои лигата во сезоната 2003/2004 без пораз. Леман замина од Арсенал во 2008 година, но се врати на три месеци како позајмен играч во 2011 година, кога на „топчиите“ им беа повредени Шчешни, Маноне и Фабијански.

Се вчитува...